Архан Арслановски младиот куглар на Пелистер од Битола, ја помина првата пречка на Светскиот Куп за младинци, кој што се игра во Елва, Естонија. Арслановски се пласира во финалето на Купот каде ќе се бори за медал во финалните натпревари, во кои се пласираа осум куглари.Арслановски постигна одлични резултати во првиот ден од шампионатот и заслужено се најде во финалната серија заедно со најдобрите осум машки играчи на Светскиот Куп со резултат 578 (205) пласирајќи се на седмото место.
За разлика од него, вториот млад претставник од Битола, Стефанија Алексовска, член на Пелистер Пин, забележа резулат од 553 кои не беа доволни за влез во финале и се пласира на дванаесеттото место.

Архан Арслановски е финалист на Светскиот клуб за младинци во Естонија, Стефанија Алексовска на 12. место
More from ВестиMore posts in Вести »
- Денес на “Бит фест“, претставата “Кротење на фуријата“ на “Битола Шекспир фестивал“
- ЈКП “Водовод“ Битола: поради дефект со прекинато водоснабдување во населбата “Недопирливи“
- Музиката на Клод Болинг синоќа во Офицерски дом во Битола (фотогалерија)
- Во Битола сончево и топло со мала до умерена локална облачност
- Ротари клубот Битола Широк Сокак потпиша меморандум за соработка со Библиотеката
More from СпортMore posts in Спорт »
- Секуловски прозиваше, а потоа и прв тренинг на фудбалерите на Пелистер, под Тумбекафе во Битола (фотогалерија)
- Симона Стојановска прва одбојкарка од Битола член на македонска “А“ одбојкарска селекција
- Одлични пласмани и лични рекорди на младинците од Олимп на националното младинско првенство
- Саша Грбиќ и Владимир Ѓоргиевски најдобро пласирани битолчани на 104 и 47 километри на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ (фото)
- Данецот Ларс Валтер нов тренер на Еурофарм Пелистер