Press "Enter" to skip to content

Бабиќ и Танковски на прес по завршувањето на Купот, финалето голема битка која ја решија повредата на Периќ и одбраните на Томовски

По завршувањето на Купот и поразот на Пелистер во спортската сала “Јасмин“ во Кавадарци се одржа официјалната прес конференција на која зборуваат претставници на двата клуба, Еурофарм Пелистер од Битола и Вардар од Скопје.

Тренерот на Пелистер, Жељко Бабиќ, за натпреварот рече дека финалето било голема борба, а клуч на натпреварот бил голманот на Вардар, кој одбрани клучни топки.-Честитки за ракометарите на Вардар 1961 и на тренерот Дејвис. Последните петнаесеттина минути игравме без Периќ, кој се повреди и излезе од ритам. Се изморивме, промашивме многу шанси и нивниот голман одбрани многу топки во клучната фаза. Бевме храбри, игравме на мали голови како што планиравме, но ни фалеше таа една мала финеса која ни недостигаше. Видовте што му се случи на Манчестер Сити, па и на кошаркарите на Партизан, а тоа и го разговаравме. Вакви работи се случуваат во спортот. Многу бевме уморни, Периќ беше повреден и ни недистигаше еден играч кој ќе го повлече тимот во финишот. Ни недостигаше и Табоада, но треба да им честитаме на ривалите и да продолжиме понатаму, изјави Бабиќ по натпреварот.Марио Танковски говореше на прес-конференцијата рече:

-Имавме црна дупка во која влезе тимот во последните десет минути и тоа си го стори своето. Честитки за ракометарите на Вардар 1961. Се боревме одлично, но влеговме во „црна дупка“ во последните десет минути тука се одлучи натпреварот. Го сакавме овој трофеј, се боревме, но ете не успеавме.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »