Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер и со +5 не стигна до пехарот, Вардар направи престврт, Битола ќе чека титула (фотогалерија)

Вардар – Еурофарм Пелистер 23:22 (8:12)

Спортска сала „Јасмин“ – Кавадарци, гледачи: 3.000

Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје

Вардар 1961: Ристовски, Томовски, Петров, Стоилов 2, О. Њокас, Георгиевски 1, К. Њокас 2, Карапалевски 1, Диало, Тото 2, Талески 6, Дибиров 3, Крстевски, Додиќ 1, Ѓукиќ 5, Мишевски

Седмерци: 4/2, исклучувања: 2 минути

Еурофарм Пелистер: Секељи, Кизиќ, Ивановски, Мараш, Ојлески 1, Маркоски 1, Маџовски 1, Кукуловски, Мандалиниќ 1, Радовиќ 2, Танкоски, Периќ 5, Костески 1, Божиќ Павлетиќ 2. Граџан 5, Обрадовиќ 3

Седмерци: 4/2, исклучувања: 6 минутиИако екипата на Еурофарм Пелистер беше на чекор до пехарот во Купот на Македонија во ракомет, по драматичниот финиш во Кавадарци, екипата од Битола е поразена со гол разлика со гол кој примија во последните секунди. Претходно Вардар се врати од -5 и натреварот заврши со 23:22, полувреме 8:12.Првото полувреме започна во знакот на Периќ и Талески, а потоа вардарци направија серија и дојдоа со  8:4. “Пелистерци“ со неверојатна серија од 8:0 свртеа во “свртија“ резултатот и дојдоа до +4 на крајот од полувремето, 8:12, а во тој период бележиме одбрани на Секељи, голови на Обрадовиќ, Божиќ Павлетиќ и Граџан.Еурофарм Пелистер добро го започна и второто полувреме, но по десетина минути игра се повреди Периќ, но иако со потешкотии сепак “пелистерци“ одржуваа 4-5 голови предност. Следуваше “фластер“ на Дибиров на Периќ. Вардар намали на 18:20 на десет минути до крајот и се влезе во неизвесна завршница. Талески намали на -1 во 54 минута, а потоа следуваат грешки на Еурофарм Пелистер. Вардар во 57. минута израмни на 22.22. Промаши Мараш, но Секељи го одбрани. Во последниот напар на Пелистер, Периќ погреши при додавањето кон Божиќ Павлетиќ и на “вардарци“ му оставија 18 секунди за напад.  Филип Талески погоди од десет метри и му донесе победа на својот тим од 23:22.Периќ и Граџан постигнаа по пет гола за Пелистер.“Чкембарите“ беа во поголем број од “Комитите“ имаше искти на куп-финалето,  првтаа беше при влегувањето на нивните ривали и нависнаа над клупата на стручниот штаб на битолскиот клуб. Полицијата не дозволи контакт и проблеми, па финалето помина во навивање, но без инциденти помеѓу нив, а “Комитите“ запалија бакли, а “Чкембарите“ имаа транспаренти.Поради тензиите за прв пат во Македонија не се менуваат страните во второто полувреме, и екипите останаа на истите клупи и напаѓаа на иста страна.

Текст и фото: С. Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »