Press "Enter" to skip to content

За три дена во Битола 26 нови позитивни на ковид-19, оздравени 70, активни 70 случаи

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 13.05 до 15.05.2022), направени се 2.674 тестови, а регистрирани се 176 нови случаи на КОВИД-19, од Битола се 26.

Регистрирани сe 275 оздравени пациенти од Битола се 70.

До сега во Битола има 15.553 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 70 счучаи.

Во текот на изминатите 3 дена (од 13.05 до 15.05.2022), нема пријавени починати лица. 

Направени се во Битола 145 ковид тестови преку ЦЈЗ Битола 92 и преку “Плодност“ 53.

Досега во земјата се направени вкупно 2.038.551 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 310.859, бројот на оздравени пациенти е 301.035, на починатие 9.291, а бројот на активни случаи изнесува 533.

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 146175 300
Куманово 16657 11

More from ВестиMore posts in Вести »