Press "Enter" to skip to content

Пелистер победи во Гостивар, настада тренерот Илиевски, инцидент и подолг прекин

Гостивар – Пелистер 84:89

Екипата на Пелистер од Битола е победник во дербито во Гостивар и остана во трка за првото место во плеј-офот и битка за повеќе домашни натпревари во финалето. Натпреварот го одбележа инцидентот во кој тренерот на Пелистер, Марјан Илиевски беше погоден во глава со тврд предмет, падна, потоа ја искрши преградата на клупата, по што следеше поголем прекин на натреварот. 

Натпреварот беше рамноравен во првите две четвртини, а на одмор се отиде со 42:42. Првата четвртина помина рамноравно, домаќините имаа поен предност, или пак гостите поен предност, а по 10 минути беше поен предност од поен 20:21. Во такво темпо помина  втората четвртина, за реми по 20 минути игра.

Третата четвртина започна со поени на Гостивар, 48:42, а потоа серија кошеви на “пелистерци“ за повторно израмнување 48:48. До три минути до крајот на третата четртина беше израмнето 55:56, а крајот на третиот квартал беше +2, за Пелистер, 58:60.

Во последната четвртина Гостивар прво израмни, а во следните 4 минути игра Гостивар имаше мала предност. Потоа следуваше водство на Пелистер 66:68,  а на 4 минути пред крајот беше израмнето 72:72, а потоа и 75:75. Следуваше водство на Пелистер но и ново  израмнување 80:80  на минута и пол пред крајот. До крајот на натреварот Пелистер имаше водство за крај 84:89.

Малешевиќ беше најефикасен кај Пелистер со 20 поени, осум асистенции и седум скока, пред Младеновиќ со 16 поени.

More from ВестиMore posts in Вести »