Press "Enter" to skip to content

“Битола е градот“, концерт на КУД “Илинден“ во Офицерски дом (фотогалерија)

Вечерва во свечената сала на Офицерки дом во Битола посебен концерт одржа КУД “Илинден“ од Битола, насловен, едноставно, “Битола е градот“.Повод за овој концерт одбележувањето на 66 години од основањето на КУД “Илинден“ , односно 66 години, откако ансамблот на народни песни и игр,  започна да ја чува, негува и да ја шири нашата традиција.На концетот присутвуваа гости, почесни конзули, пријатели, членови, ветерани на КУД “Илинден“ лица кои биле или се дел “Илинден“ односно оставиле трага и влог во ова наше најпознато културно уметничко друштво во Битола и пошироко.-Низ сите тие години светот се менуваше околу нас, но ИЛИНДЕН секогаш го чувал највредното… Меѓу тие бисери се Градските приказни кои се подвижен музеј за овој град. ИЛИНДЕН е тука да го спои се она што се менува и се она што треба да остане исто, рекоа од “Илинден“, и додаваат:-Ние сме врската помеѓу минатото и иднината. Тука сме да бидеме чувар на наследството, но и животворец на Битола низ песни и игри, затоа што Битола е градот…Градските приказни кои беа изведени вечерва се песни и игри, инспирирани и адаптирани од градските традиции на Битола, чалгиите и обичаите преставени преку сценски адаптации меѓу кои е и онаа позната битолска “На визита”.Во духот на “На визита“ сите гости на вечерашниот концерт беа послужени со слатко од смокви и вода, односно онака како битолчани ги пречекуваме своите гости на именден, на визита, пред не така долго време.

С. Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »