Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: како ја гушиме емпатијата кај децата

Начини и родителски практики кои ја попречуваат емпатијата кај децата во воспитувањето при нивно одрастување.

Емпатијата е карактеристика на виосока емоционална интелегенција значајна за секого. Таа значи перцерпирање, препоизнавање и соживување со чувствата на другите луѓе и како да го насочуваме  нашето однесување за да имаме подобра комуникација. Искуства и примери од секојдневниот живот при одрастувањето на нашите деца  покажале дека емпатијата е вродена. Искуство на една мајка: кога моите деца беа бебиња се расплачуваа  кога едното плачеше или правеше мимика за да плаче се расплачуваше и другото, или кога едното се повредеше другото плачеше за него – односно  сестричето  се вознемируваше“.

Колку пати   ни се случило  прашање од детето кое интуитивно не чувствува барајќи го нашиот поглед  кога  сме тажни, вознемиреени или не боли нешто. Така и тоа обично се растажува или вознемирува. Ги препознава нашите чувства и емоции на интуитивен начин.  

Сите овие примери и уште многу други водат кон тоа дека емпатијата или соживување со чувствата на другите е карактеристична за човекот и е вродена . Таа и не заштитува во текот на одрастувањето. Зошто тогаш постои верување, или  ние децата ги гледаме како себични? Не се соживувваат кога некој е тажен ако му ја одзземат играчката или повредат некого,  не се извинуваат ако удрат некое дете, не споделуваат од своите играчки … и многу други примери  во нивните социјални интеракции.Можеби заради тоа што во текот на одрастувањето, ние како родители  и не ја поддржуваме  емпатијата уште од мали нозе, туку дури и со некои родителски практики ја попречуваме.  Како родители често интервенираме во социјални ситуации со казнување, засрамување, пофалба, награда, укор, сила и уште многу други нешта кои предизвикуваат позитивни или негативни чувства со тоа ги водиме децата да се фокусираат на сопствените емоции и реакции, заради тоа тие не можат да се поврзат со чувствата на другите и бидат емпатични.

Ние обично ги контролираме ситуациите со тоа што им поставуваме правила, наместо да ги оставиме да учат од социјалните интеракции. со тоа ги затвараме можностите децата да почуствуваат емпатија  да ги препознаваат чувствата на другите. Заради тоа и верување дека децата се себични и затоа има потреба и да ги учиме на начини да бидат емпатични. Истражување покажале дека нашите сопствени искуства и чувства ја попречуваат способноста за емпатија кон другите. Ова всушност им го правиме и на нашите деца.

Начините со кои ја попречуваме емпатијата: изнудени или изсилени извинувања, награда, пофалба и казна укор, ги принудуваме споделуваат работи со другите деца, натпревар, пропуштање на чувствата.Изнудени или изсилени извинувања

Многу често слушаме „Ајде сега да се извиниш за тоа што му ја зеде играчката или ….и  многу други случаи кога го „тераме “ детето да се извини. Како прво цела идеја на изнудено извинување е бизарна. Дали некој всушност сака извинување кое не  искрено? Со присилување  на децата да се извинат ние не ги учиме на ништо. Не можете да натерате некого да се чувствува дека му е жал. Наместо тоа обично се случува дека во тој момент тие се преокупирани со својот срам и непријатни чувства на засраменост, што  не се во состојба да почуствуваат искрена емпатија со другиот и да се извинат спонтано заради тоа што го повредиле. Додека вие како родител се чувствувате добро,  додека вашето дете се извинува и го избегнувате судот на другите, вие не ја култивизирате емптијата и заради тоа како родители треба да се замислите околу тоа.

Што да се направи наместо тоа?

Бидете емпатични и зборувајте за тоа што се случило со вашето дете без осуда, и донесување суд. Охрабрувајте ги да ги забележуваат чувствата  и потребите на другите, како на пример: навистина ја сакаше играчката што ја имаше твојот пријател. Ќе мора да почекаш да дојде твојот ред. Разбирам дека ти е тешко  да чекаш и нестрплив си. Изгледа таа е вознемирена, бесна… што и ја одзеде играчката, бидејќи сакаше да продолжи да си игра и понатаму со неа.

Емпатијата доаѓа од способнаоста  да ги перцепираш чувствата на другите и да го моделираш  однесувањето кон тоа. Потоа  му помагаш што да одлучи и да направи понатаму да помогнеш двета страни да комуницираат добро.Награди и казни (пофалба укор)

Повеќето родители сметаат веруваат дека во насока да одгледате “добро дете“, Вие треба да контролирате, а ќе имате имате контрола врз него со тоа што ќе го казнувате кога направи нешто лошо или наградите  или пофалите кога направои нешто добро.Ова не е добро ако сакате да воспитате дете со самодоверба и емпатија.

Некои експерименти покажале дека наградата дури е понеефективна  од казната и има негативно делување,  односно има контраефект.  Истражувачите пронашле дека  деца кои се наградувани кога прават нешто тие не сметаат за себе дека се добри, односно тие го насочуваат однесувањето кон  наградата, потоа кога не се добри и наградувани тие и не се трудат да им помагаат на другите. Психологот, Алие Кох, вели: после се, тие научуваат дека главна цел е да се се добие награда. 

Казната и награда  комплетно го  гушат развојот на емпатијаи и  го тргаат вниманието од чувствата на детето. Тие ја убиваат инстиктивната мотивција и го охрабруваат егоцентричното мислење. Наместо да забележуваат како нивните акции афектираат кон  другите тие обично се загрижени за последиците од казните или наградите

Пример од секојдневниот живот, ако го удриш брат ти или сестрата, ти сигурно нема или обично невозможно е да седнеш до него  за да сочуствуваш со негоите чувства на болка  и да го утешуваш и прашуваш како се чувствува, туку однесувањето и чувствата ќе бидат насочени кон очекување  казна и како да се спасиш од неа.

Наградата и казната го контролираат однесувањето на детето и го одвлекуваат вниманието од перцепирање на чувствата на другите. Наместо тоа учете позитивно и безусловно родителсто и родителство без казна (за кое пишуваме во посебен текст), како и за другите начини со кои ја попречуваме емпатијата кај децата, ги принудуваме да споделуваат работи, натпревар, пропуштње на чувствата.