Press "Enter" to skip to content

Во Битола 15 нови позитивни на ковид-19, оздравени 8, активни 70 случаи

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа, направени се 1.314 тестови, а регистрирани се 96 нови случаи на КОВИД-19, од Битола се 15.

Регистрирани се 88 оздравени пациенти од Битола се 8.

Во Битола досега има 15.576 лица кои биле или се позитивни на ковид-19,  а активни се 70 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. 

Направени се во Битола 50 ковид тестови преку ЦЈЗ Битола 42 и преку “Плодност“ 8.

Досега во земјата се направени вкупно 2.041.295 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 311.038, бројот на оздравени пациенти е 301.202, на починати е 9.293, а бројот на активни случаи изнесува 543.