Press "Enter" to skip to content

Полагање за џудо кандидати-мајстори и мајстори во “Будо центарот“ во Битола (фотогалерија)

Во организација на џудо федерацијата на Македонија во Битола се одржа полагање за кандидати за џудо мајстори и мајстори, а во техничка организација на џудо клубот Пелистер од Битола.Полагањето беше организирано за џудости кои конкурираа и се стекнаа со кафеави и црни појаси, црни појаси за прв и втор дан, а беа верифицирани и црни појаси кои македонските џудисти ги стекнале во други држави.На полагањето се појавија триесетина џудисти од поголем број на клубови од државата за кои комисијата за полагање имаше мали забелешки, кои не делуваа негативно за комплетната презентација на нивното знаење.Претседателот на комисијата за полагање за појаси, џудо мајстор 7 дан, Ѓуро Илиќ од Битола рече:-Сакам да им честитам на сите кандидати кои се стекнаа со нови појаси, односно напредуваа во своето теоретско знаење и џудо вештините. Видовме прекрасни презентации, а сето ова значи дека сите напредуваме. Што се однесува пак до забелешките кои ги имаме како Комисија можам да кажам дека немаа влијание на нашата одлука, но мора да ги споменеме за кандидатите да посветат повеќе внимание на нивната комлетна подготовка. Полагањето кое се одржа во Битола, он-лајн го следеше и завршно обраќање имаше поранешниот српски џудист, професор доктор Славко Обадов, кој се обрати и рече:-Мило ми е што и со ова полагање во Битола македонските џудисти напредуваат, а морам да ги пафалам и оние кои кај нас во Србија се стекнаа со нови титули, бидејќи тие се одлични мајстори и и ќе дадат голем придонес кон развојот на џудото во Битола.

С.Ристевски