Press "Enter" to skip to content

АК Олимп со шест атлетичари на митингот “Светски ден на атлетиката” освои четити медали

Атлетски машини за медали и места кои се во горниот дел од табелата, такви се членовите на нашиот АК Олимп од Битола, кои немаат идеални услови за тренинзи, како многу други клубови, но имаат врвен тренер Демир Даутовски и во Битола работат со огромна лична волја за успеси.

На Митингот, “Светски ден на атлетиката”, кој се одржа на Градскиот стадион во Скопје, Олимп се претстави со шест натпреварувачи и оствари одлични резултати. 

Христијан Котевски освои второ место во сениорска конкуренција, во дисциплината 100 метри мажи, со резултат 11.75. Тој освои и трето место во сениорска конкуренција, во дисциплината 200 метри – мажи, со резултат 23.82.Стефан Туловиќ освои петто место во сениорска конкуренција, во дисциплината 100 метри мажи, со резултат 12.16.

Наталија Чона освои трето место во сениорска конкуренција, во дисциплината 200 метри жени, со резултат 28.03. Таа освои и четврто место во сениорска конкуренција, во дисциплината 100 метри жени, со резултат 13.24 

Дони Петличковски освои петто место во категорија млади младинци, во дисциплината 800 метри мажи, со резултат 2,26.10 Христијан Шаклевски освои осмо место во сениорска конкуренција, во дисциплината 1500 метри мажи, со резултат 5,32.51 

Јана Стефановска освои второ место во категорија млади младинки, во дисциплината 400 метри жени, со резултат 65.94

More from ВестиMore posts in Вести »