Press "Enter" to skip to content

Александар Стефановски, уметнички раковител на КУД “Илинден“: беше повеќе од предизвик да ги раскажеме градските приказни во Офицерски

Градските приказни на Илинден, подвижен музеј на градот Битола Градските приказни на ансамблот ИЛИНДЕН, беа изведени на целовечерен концерт под наслов “Битола е градот” во Офицерски дом, а по повод  одржувањето на концертот, Александар Стефановски, уметнички раковител на КУД “Илинден“ рече:

-Изминаа повеќе од 67 години, откако ансамблот на народни песни и игри “Илинден“ од Битола, започна да ја чува, негува и да ја шири нашата традиција. Еден од бисерите се “Градските приказни“ кои се подвижен музеј за овој град.  Битола е градот, стоеше на најавата со плакат кој за овој настан го дизајнираше Сергеј Светозарев, Битола е градот, а КУД “Илинден е синонимот“ за Битола. Овој проект е нераскинливо врзан за нашиот ансамбл. Сите сцени на “Градските приказни“ се предизвик за нас, а Офицерскиот дом и како архитектура и како историја е место каде се спојуваат истокот и западот. Идеален простор каде можат да се претстават и Ала Турка и Ала Франга традициите преку непроценливи костими, песни и игри. Беше повеќе од предизвик да ги раскажеме нашите градски приказни токму на оваа локација, бидејќи ние сме еден од ретките ансамбли кои ги има градските игри, во формат на целовечерен концерт,  а за традицијата на Илинден додаде:

-Најстар фолклорен ансамбл, едно од најстарите здруженија во Битола и нашата татковина, без прекин на континуитетот. КУД Илинден 67 години е амбасадор на Македонија во светот, се разбира и на сцените низ нашата држава. Сме настапувале од САД на Запад до Јордан на Исток, низ цела Европа, Австралија, Русија…Минатата година бевме дел од 6. светска фоклоријада во Уфа, Русија, како претставници на Македонија.

Овој концерт, на барање на публиката ќе се одржи уште неколку пати, а веќе пристигнуваат покани истиот да биде презентиран на други сцени, а и на еден голем интернационален настан во организација на една од амбасадите во Македонија, за што ќе следуваат наскоро детали, додава Стефановски.

More from КултураMore posts in Култура »