Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа: Направени се 1.232 тестови, а регистрирани се 76 нови случаи на КОВИД-19, од Битола се 10.
Регистрирани се 73 оздравени пациенти од Битола се 5.
До сега во Битола има 15.587 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 75 случаи.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица, нема од Битола.
Направени се во Битола, 58 ковид тестови преку ЦЈЗ Битола 46 и преку “Плодност“ 11.
Досега во земјата се направени вкупно 2.042.527 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 311.113, бројот на оздравени пациенти е 301.275, на починати е 9.296, а бројот на активни случаи изнесува 542.