НУ Завод и Музеј од Битола, 18. мај, меѓународниот ден на музеите, со неколку настани, а посебно се истакнуваат двете изложби на битолскиот музеј кои се поставени и свечено отвореми во Археолошкиот музеј во Драч, во Албанија.Вчера, на меѓународниот ден на музите во организација на македонската амбасада во Тирана, и амбасадорот Данчо Марковски, Општина Драч, и двата музеи, пред албанската публика, за прв пат беа поставиме две изложби, “Невестински соништа“ – касели и ковчези од Битола и битолско на авторот д-р Мери Стојанова и “Градски костими“ на авторот Наде Геневска Брачиќ.
Двете изложби претставија еден значаен сегмент од македонската традиционална култура, и еден мал дел од етнолошките колекции на НУ „Завод и музеј“ – Битола.
Во рамките на овој настан беше потпишан и Меморандум за соработка помеѓу двете институции НУ “Завод и музеј“ – Битола и Археолошкиот музеј во Драч, со што всушност беше направен првиот чекор за продолжување и продлабочување на меѓусебната соработка помеѓу двете институции.
На отворањето на изложбите покрај другите гости присуствуваше и директорот на Македонскиот културен центар во Тирана Златко Ориѓански, замeник министерот за култура на Албанија, како и словенечкиот амбасадор во Тирана. Завод и Музеј со огромна благодарност на вработените во македонската амбасада, а се истакнува и експедитивноста и безрезервната поддршка на вработените во Општина Драч.

Завод и музеј со две изложби во Албанија и со официјализирана соработка на музеите од Битола и Драч
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 21 степен
- Спортските екипи од основните и средните училишта од Битола добија комплети дресови од Училишниот спорт (фото)
- Во Битола “Саем на кариера 2025“ на ФИКТ на УКЛО (фотогалерија)
- Во Битола се полагаше тест за вработување во Клиничка болница Битола и општите болници во Прилеп, Охрид и Кичево (фото)
- Промовиран документарниот филм “Слободата заборавена меѓу регистрите“ (фото)
More from КултураMore posts in Култура »
- Промовиран документарниот филм “Слободата заборавена меѓу регистрите“ (фото)
- Кога зборовите се враќаат дома: Лидија Димковска во Книжевниот клуб Утопија во Битола (фото)
- Објавен конкурс за доделување на наградата “Антево перо“
- Промовиран училишниот весник “Нова Веда“ на гимназијата “Јосип Броз Тито“- Битола (фотогалерија)
- За Соња Михајлова наградата за животно дело на МТФ “Војдан Чернодрински” во Прилеп