Press "Enter" to skip to content

Коњановски, Димитровски и Војнеска-Зикова за можноста за поставување на тартан патека во Битола

Претседателот на клубот, Никола Димитровски на средбата со Градоначалникот Тони Коњановски, ги претстави постигнатите резултати на битолските атлетичари, кои во овој период се покажаа како атлетски машини за медали и места во горниот дел од табелата.

На средбата на која присуствуваше и претседателката на Атлетската федерација, Александра Војнеска Зикова, беше заеднички констатирано дека постигнатите успеси, јасно говорат за потенцијалот кој го има Битола за развој на оваа дисциплина, поради што е многу важно да се овозможат соодветни услови.

Градоначалникот Коњановски, веднаш изврши консултација со стручните служби од секторот за урбанистичко планирање, со цел разгледување на можностите за изградба на тартан патека во Битола. Овој проект е во насока на реализација на еден од главните приоритети на градоначалникот Коњановски, кој се однесува на создавањето соодветни услови за развој на спортот во Битола и поддршка на спортскиот и натпреварувачки дух, кај младите луѓе и спортистите.

Идејата, Битола да добие тартан патека, претходно беше иницирана од страна на Димитровски и Зикова, за време на нивната средба со раководството на претходната локална самоуправа и истата беше поддржана како реална потреба на Битола, што дополнително беше потврдено и со минатогодишното одржување на  Балканското Атлетско првенство во склоп на градската атлетска трка „Трчај бе“ во Битола, на кое учествуваа 10  држави членки на Балканската федерација.

More from ВестиMore posts in Вести »