Press "Enter" to skip to content

Медије Медик, Ние Ромите сме способни за многу нешта, имаме многу таленти и сакаме да работиме (фото)

-Ние Ромите сме способни за многу нешта, имаме многу таленти и сакаме да работиме, шансата за нас е се. И во едно верувам, дека ништо не е тешко кога се сака, веле Медик која е дел од проектот БАИР – Здружена акција на Битола за вклучување на Роми, чија цел е да го помогне и промовира социо-економскиот развој како и да ја подобри вклученост на ромската заедница што живее во населбата Баир, општина Битола.Медије Медик е родена битолчанка. Од рано детство се сеќава на мајка и и на тоа како чистењето и парите кои родителите ги добивале од него, го одгледаа нејзиното семејство. И самата почнала да работи млада и набрзо станала позната помеѓу бројни битолски семејства и фирми. Со некои од семејствата за кои работела со години има и денес трајни пријателства.  Нивните домови биле отворени за неа, со сета доверба која таа никогаш не ја изневерила.

Денес Медије е и бизнис жена. Таа со проектот за самовработување отвори своја компанија. Нејзините услуги за чистење и хигиена се многу барани, зошто нуди одлични услуги и фер цени.  Работи за добри компании.  Мајка е на три ќерки, две се омажени, а најмалата која има 10 години е најголемото друштво за мајката и таткото.

За Медије ова ќе беше само сон, ако ја немаше поддршката на нејзиниот сопруг и на целото семејство. Бескрајно им е благодарна. Во разговорот за шансите и за тоа дека може, Медије ни рече:

-Ние Ромите сме способни за многу нешта, имаме многу таленти и сакаме да работиме, шансата за нас е се. И во едно верувам, дека ништо не е тешко кога се сака.Медик е дел од проектот БАИР – Здружена акција на Битола за вклучување на Роми, чија цел е да го помогне и промовира социо-економскиот развој како и да ја подобри вклученост на ромската заедница што живее во населбата Баир, општина Битола. Проектот го доби своето име според населбата Баир, каде што живеат 95 отсто од ромската популација во општината. Проектот е финансиран од Европската Унија преку ИПА 2 програмата и ќе се спроведува до крајот на 2023 година. Проектот е развиен од COSV италијанска хуманитарна невладина организација во партнерство со ПРЕДА Плус фондација и Општина Битола, во соработка со  Јавното претпријатие за урбанистичко планирање, проектирање и инженерство.