Press "Enter" to skip to content

Во Битола протест поради 18-месечната затворска казна што ја доби возачот кој го прегази Оливер Петровски

Денеска се одржа протест, за кој братот на починатиот Олицер Петровски вели дека се одржува поради бессрамната пресуда од 18 месеци затвор за убиецот на мојот брат Оливер, кој беше убиен во сообраќајка пред речиси две години.

-Протестот се одржа поради нелогично ниската и тенденциозна пресуда на судијката која му даде срамна казна на убиецот на мојот брат, иако брат ми немаше никаква вина за сообраќајката. Преку протест го искажавме нашиот револт, и обзнанувам дека и понатаму ќе продолжиме да ги користиме сите конвенционални средства, со цел да издејствуваме поправедна пресуда на Апелација, рече Бојан Петровски на денешниот протест во Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »