Press "Enter" to skip to content

Заврши фестивалот на монодрама во Битола, “Grand prix“ за “Едит Пјаф“ на театар “Годо“ од Букурешт (фотогалерија)

Вечерва заврши 23-то издание на Интернационалниот фестивал на монодрама во Битола, кое во зиминатите седум дена на четири сцени, во седум денови, се одиграа триенаесет монодрами од единаесет земји од светот избрани од селекторот, актерот Петар Мирчевски.На свеченото затворање беа министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, градоналаникот на Битола – Тони Коњановски, проректорот на УКЛО – проф. д-р Игор Неделковски, гости и пријатели на Фестивалот.Ова е фестивал во организација на Центарот за култура од Битола секоја година, повторно и повторно открива дека само еден актер сам на сцена носи се, а во име на организторот Центарот за култура во Битола, директорката Маја Андоновска – Илиевски рече:-Тешко е емоцијата да се пренесе во зборови, особено по интензивни седум денови, кога градот живееше во ритамот на Фестивалот. Широк Сокак го исполнивме со живи статуи, кафето го пиевме со добра журка во “Јагода“, каде актерите се дружеа и одмараа по пробите и настапите, салите полни, интересот се зголемуваше од ден на ден во доцните вечерни часови, некогаш до доцна во ноќта. Битола е град на културата, а сите ние го зацвртивме тој епитет. Селекторот Петар Мирчевски ја отежна работата на стручното жиро со исклучително силна селекција на претстави.Маја Андоновска – Илиевски се заблагодарувам на министерството за култура и Општина Битола зошто го препознаа квалитетот на овој фестивал, како и на спознорите.Во име на жирито се обрати претседателката Бедија Беговска која ја имаше задачата во име на жирито да ги прочита наградените и образложението за наградите. 

Награда за најдобра режија доби режисерот Иван Лео Лемо за претставата „Вла Вла Влавајланд“, продукција на Театар „Морузгва“, Загреб, Р. Хрватска, во изведба на Еција Ојданиќ.Наградата за најдобро актерско остварување ја доби Каролин Брнс Кук од Велика Британија за улогата во претставата „А јажето сè уште и е врзано околу стапалата“, по текст на Каролин Брнс Кук, во режија на Колин Ваткис.Grand prix на фестивалот доби монодрамата “Едит Пјаф“, на театар „Годо“ од Букурешт, Романија, драматизација на „Тркало на среќата“ од Едит Пјаф и „Едит Пјаф“ од Симон Берто, на режисерката и актерка Дениза Абабеи.Фестивалот има востановено и Наградата од публиката, која се доделува врз основа на оценките кои таа ги давала после секоја претстава. Оваа награда ја доделува традиционално Општина Битола, а годинава и припадна на монодрамата “Помеѓу” на авторот и актер Ибрахим Миари со најголем број на гласови од публиката.Градоначалникот Коњановски при доделувањето на наградата рече:-Да се биде на овие штици кои живот значат, да се биде во друштво со овие професионалци и при тоа да се каже некој збор, со оние кои зборот им е орудие е посебна чест. Оставаме зад нас една седмица исполнета со богата театарска игра, во која актери од 13 земји успеаја да предизвикаат голем интерес кај квалитетната театарска публика. Единствениот фестибал за монодрама во државата, во Битола од година во година создава се посилна магична енергија на посебност, специфичност и и голем предизвик. Им се заблагодарувам на сите кои ја вложија целата енергија за да Битола биде горда на едно успешно издание на фестивалот кој оваа година е по 23 пат. Уметноста во светот преку фетсивали доаѓа во Битола, а за Битола се слуша во светски рамки.Во чест на победниците, гостуваше Драмски театар од Скопје со претставата “Странци“.

С. Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »