Денес се одржа 2. по ред хуманитарен “Бељот турнир“ во Битола, во организација на Ротаракт клубот Битола од Битола, кој се одигра на 16 маси, на истата ланска локација, на пешачката зона покрај река Драгор, од “Рудо Јагне“ до првото дрвено мовче.Победници на годинашниот турнир во бељот се тимот на “Кинекс“ од Битола кои беа најдобриод 32 екипи, а до титулата најдобри бељотчии дојдоа по четири победи над екипите кои им се “паднаа“ на жребката.
Инаку, правилата беа исти како и лани, се игра во тим од двајца, на две добиени партии и со директно испаѓање.
Сите собрани средства ќе одат во хуманитарни цели, а тимот кој го организираше овој турнир, Ротаракт клубот Битола, дополнително ќа објави каде средствата ќе бидат донирани.
-Радоста и насмевките ваши беа наша награда за трудот кој го вложивме за овој настан да биде тоа што беше. Се надеваме дека како и оваа година, така и наредната ќе биде се подобар и помасовен. Благодарност до сите фирми и пријатели на клубот кои ја препознаа оваа идеа и помогнаа на било каков начин, рекоа од Ротаракт клубот Битола, кои додадоа на крајот:
-На Битола му требаат вакви настани. Се гледаме наредна година.

Тимот на “Кинекс“ победници на 2. хуманитарен “Бељот турнир“ во Битола (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- ФК Јени Маале од Битола во свои, ново уредени, простории (фотогалерија)
- Фото вест: мурал посветен на Борисав Траиковски на ѕид на СОУ “Таки Даскало“ во Битола
- Деновиве пред 10 години: новоотворената фабрика “Кронберг и Шуберт“ за прв пат ги отвори вратите за децата (фото)
- Деновиве пред 10 години: “Златната камера 300“ за животно дело во 2013 за Хосе Луис Алкаине (фото)
- На 31. седница на Советот на Општина Битола едногласно изгласан ребалансот на Буџетот
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола претрес во Битола, пронајдено половина килограм марихуана
- Денес боево гаѓање кај Билбил камен, забрането движење
- Во Битола сончево до умерена облачност
- Еурофарм Пелистер немоќен против Алборн, со пораз во Данска се враќа во Битола
- Вечерва полициска акција во Битола, претреси, пронајдена дрога, приведувања…