Во месецот на младоста, мај, во Битола во организација на шаховскиот клув “Стево Патако“ на отворено, на “Магнолија“ во вино-барот “Буре“ се одржа брзопотезен шаховски турнир за млади, на кој зедоа учество триесетина млади шахисти.Победник на овој турнир е Дарко Попчевски од ШК Шах-шеф од Битола со освоени 6,5 бода, второласиран е Андреј Лозановски со 6 поени, а на трето место се пласира Алекс Нашков со 5 бода, двајцата од “Стево Патако“ од Битола.
Претседателот на ШК “Стево Патако, Сашко Павловски за овој турнир рече:
-На последните турнири во шах кои се одржаа во Битола учествуваа голем број на млади шахисти, а кај сите има покрај интересот видовме и квалитет и желба за натреварување. Па затоа се ослучивме во месецот на младоста да организираме турнир за млади, а според она што се случуваше вчера во Битола не погрешивме. Триесетина млади шахисти уживаа во турнирот и одиграа доста квалитетни натревари.
На турнирот покрај битолчани настапија и млади шахисти од Прилеп.

Дарко Попчевски победник на брзопотезиот шаховски турнир за млади во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Мила Нечовска, млада пијанистка: пред натпревар вежбам секој ден околу три до четири часа, напорно е, но кога се сака се се може
- СВР Битола: претрес во Битола, приведена 53 годишна битолчанка, пронајдена марихуана и амфетамин
- Инженерски прстен за студентка Сара Петковска од Техничкиот факултет – Битола
- СВР Битола: физички напад во градскиот пазар, каснување од куче скитник, превентивна акција во чаршијата
- На денот на животната средина во Битола “Еко-пријателска мобилност“ – фестивал за еко-мобилност
More from СпортMore posts in Спорт »
- Пелистер поразен во Битола, кошаркарите на МЗТ шампиони (мега фотогалерија)
- И оваа година на традиционалната забава ФК Јени Маале од Битола ги додели признанијата и благодарниците (фотогалерија)
- Самоил Ристевски, ракометар во Еурофарм Пелистер 2 од Битола: наградата “Најдобар млад играч“ поттик за да тренирам уште посилно (фото)
- Тимот на “X-fit Bitola“ од Битола на 5. место на “OCR – obstacle course race“ во Маврово (фото)
- Нејц Цехте прво засилување во Битола, Еурофарм пелистер го потпиша за една сезона