Press "Enter" to skip to content

Дарко Попчевски победник на брзопотезиот шаховски турнир за млади во Битола (фотогалерија)

Во месецот на младоста, мај, во Битола во организација на шаховскиот клув “Стево Патако“ на отворено, на “Магнолија“ во вино-барот “Буре“ се одржа брзопотезен шаховски турнир за млади, на кој зедоа учество триесетина млади шахисти.Победник на овој турнир е Дарко Попчевски од ШК Шах-шеф од Битола со освоени 6,5 бода, второласиран е Андреј Лозановски со 6 поени, а на трето место се пласира Алекс Нашков со 5 бода, двајцата од “Стево Патако“ од Битола.Претседателот на ШК “Стево Патако, Сашко Павловски за овој турнир рече:-На последните турнири во шах кои се одржаа во Битола учествуваа голем број на млади шахисти, а кај сите има покрај интересот видовме и квалитет и желба за натреварување. Па затоа се ослучивме во месецот на младоста да организираме турнир за млади, а според она што се случуваше вчера во Битола не погрешивме. Триесетина млади шахисти уживаа во турнирот и одиграа доста квалитетни натревари.На турнирот покрај битолчани настапија и млади шахисти од Прилеп.

More from ВестиMore posts in Вести »