Press "Enter" to skip to content

Турски инвеститор од Адапазари ја купува првата парцела во индустриската зона “Новаци“

Денес градоначалникот на Општина Новаци Стевче Стевановски, потпиша Меморандум за соработка и промоција со Ахмет Коприлиоглу од Адапазари, Сакариа кој е првиот бизнисмен од Турција кој веќе започна  постапка за отворање на фирма во Македонија и купување на првата парцела во Индустриската зона во Новаци.

Со овој документ Ахмет ќе настапува како промотор на индустриските и економските капацитети со кои располага Општина Новаци кон други заинтересирани инвеститори од Турција.

More from ВестиMore posts in Вести »