На иницијатива на локалниот младински совет со поддршка на Општина Битола, како и во соработка со основните и средните училишта, Универзитетското студентско собрание при УКЛО, во “Кино Манаки“ во Битола, денес беше промовиран видео запис во чест на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј.На промоцијата присуствуваа градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, претседателката на Советот, Габриела Илиевска, советници од општинскиот совет, како и многу деца, млади, професори и наставници од училиштата кои учествуваа во овој видео проект.
Возаписот е прикажана силна порака за големината и значењето на големото дело на „Св.Кирил и Методиј“, испратена низ креативноста на младите.

Локалниот младински совет го промовира видео записот за Светите Кирил и Методиј (видео)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Изведена претставата “Далеку, а сосем тука“ на учениците од Горната гимназија од Битола на амфитеатарот на Тумбекафе (мега фотогалерија)
- СВР Битола: со закана ограбена “кладилниица“, физички напад, казнето 16 моторциклисти, каснувања од куче скитник
- Општина Битола: се реконструира “Драгорска“
- Димитар Митревски, спортски директор на Еурофарм Пелистер од Битола: испекција на ЕХФ во средина на јули, потоа започнуваме со продажба на комплет влезници и другите активности
- 42 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола