Press "Enter" to skip to content

Општина Битола: улица “Довлеџик“ поради асфалтирање ќе биде затворена од утре до понеделник

Општина Битола, ги известува граѓаните дека во завршна фаза е реализацијата на проектот за реконструкција на коловоз на ул. „Довлеџик“.

Согласно динамиката за реализација на договорот за реконструкција во деновите 27.05.2022, 28.05.2022 и 29.05.2022, ќе се врши асфалтирање на улицата од раскрсницата на ул. “Довлеџик“ со ул. “Големо Езеро“ до мостот на река Драгор.

Поради тоа, улицата ќе биде целосно затворена за сообраќај од 07.00 часот во петок 27.05.2022 до 08.00 часот во понеделник 30.05.2022.

Во деновите додека трае асфалтирањето сообраќајот ќе се одвива преку обиколницата.