Во Битола културата и традицијата по 47. пат беа мотив за цртежите на ученици од целата држава, како дел од изложбата под наслов „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“, беше отворена во Центарот за култура во Битола.Пред присутните на изложбата се обрати претседателката на Советот на општина Битола Габриела Илиевска, која заедно со директорката на Центарот за култура им ги доделија наградите на најдобрите учесници.
-Мојот професор често знаеше да каже, за да бидеш добар уметник , треба да го разбудиш детето во себе, она љубопитното кое се радува, набљудува, се инспирира од се што го опкружува, љуби без граница и ужива во игрите. Вистинска радост е да се примат 50 колекции и од над 2000 пристигнати творби да се изберат и изложат 488 творби инспирирани од традицијата, а изработени од деца, затоа што детското око, поинаку гледа, твори со животна радост, и затоа што во секое дете се крие по еден голем уметник, кој ние возрасните треба да го поттикнеме да создава, рече Маја Андоновска – Илиевски, директор на центарот за култура во Битола.
-Битола е горда на голем број манифестации и настани кои како традиционални од година во година стануваат се побогати во содржини, но и се попривлечни за голем број учесници. И денешната 47 државна изложба, потврдува дека токму Битола, како град со богато културно наследство, продолжува да ја негува и промовира македонската култура и традиција, притоа посебно водејќи се од потребата, младите генерации да се запознаваат со традиционалните вредности, да учат за нивните специфики, а потоа да бидат и наши промотори во светот. Самиот факт, што на оваа изложба пристигнаа толкав голем број творби, говори дека уште од најрана возраст македонските обележја и нашата народна култура се голем мотив за творештвото на младите, со кои и како град и како држава сме препознатливи на светската културна мапа. Честитки и до наставниците и менторите кои ги водат по патеката која е многу важна за зачувување на нашиот идентитет, истакна претседателката на Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска.
Центарот за култура на овој начин традиционално и во континуитет го одржува и развива токму она што е искажано и во насловот кој го носи изложбата: народната култура да биде трајна инспирација за творештво од најрана возраст.

Отворена изложбата “Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Деновиве пред 10 години: Битола во мај 2015 година изгуби дбе урбани легенди, Такецо и Сотир Главинче
- СВР Битола: две пријави за физички напади
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 20 степени
- КК Пелистер по завршената сезона: лекцијата е научена, следната сезона ќе биде сезона на КК Пелистер, клубот е поставен на здрави темели
- Билтен на МВР: 72 годишник крадел засилувачи за интернет на А1, полицијата го уапси
More from КултураMore posts in Култура »
- Промовиран романот “Ноќта…“, кој ја доживеа светлоста на денот, од Игор Тајкоски – Фоја (фотогалерија)
- Изложба на сликарот Зоран Таневски во Галеријата и музеј “Ранко Струмениковски“ во Битола (фото)
- Промовиран документарниот филм “Слободата заборавена меѓу регистрите“ (фото)
- Кога зборовите се враќаат дома: Лидија Димковска во Книжевниот клуб Утопија во Битола (фото)
- Објавен конкурс за доделување на наградата “Антево перо“