Press "Enter" to skip to content

Софија Ристевска дел од феминистички стенд-ап

Вечерва во МКЦ “Клуб Ресторан“, како дел од програмата на фестивалот “Прво па женско“ во организација на Tiiiit! Inc. ќе го гледаме првиот феминистички стенд-ап. Со свој комичен материјал ќе настапат Софија Ристевска од Битола, Ангела Стојановска и дрег кралот Борис Геј.

Ангела е дипломирана актерка на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Голем дел од времето го посветува на независната театарска сцена. Софија Ристевска е театaрска режисeрка од Битола, основачка на независниот театар „Интимен театар“. Софи Сексон е уметник и академик од Глазгов, а настапува под псевдонимот Борис Геј. Борис Геј е дрег крал кој се шета низ светот и успева во својата мисија да ја насмее публиката.

Од Tiiiit! Inc. велат: „Заземањето на овој (неретко) ексклузивно хетеронормативен простор е всушност од суштинско значење за да се наметне гледиштето на оние кои се најчесто мета на подбив. Затоа решивме да овозможиме простор за наративите коишто им се смеат на исмејувачите и отскокнуваат од рамките на „хехе“ хуморот. Ако сакате стендап и сметате дека на стендап сцената кај нас ѝ фали феминистичка енергија, тогаш се гледаме на 26.05 во МКЦ клуб.“

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »