Press "Enter" to skip to content

Гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Битола домаќин на уште едно реномирано германско училиште (фото)

Во рамките на взаемната соработка и заедничките интереси кои постојат меѓу двете училишта, денес, во посета на гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Битола, пристигна делегација од професори и ученици од средното стручно училиште од Васабург Германија. Примарната соработка, темелена на взаемниот интерес и волјата на професорките по германски јазик Нина Илиќ и Елена Петков и професорот Андреас Хајденрајх од Васабург, во 2019 година прерасна во колаборативен однос на двете средни училишта, што придонеува за афирмација на германскиот јазик кај нас.Нивното доаѓање во нашето училиште го потврди нашето пријателство кое има за цел продолжување на веќе започнатата соработка. На работната посета во Васабург, во 2019 година, покрај утврдената агенда за работа, беше склучен и договор за донација кон нашето училиште, кој следната година беше реализиран со опрема, инвентар и компјутери, кои денес се дел од веќе реновираниот и обновен изглед на нашето школо.На денешната посета учениците направија кратки презентации за своите градови и нивните училишта, потоа следуваше кратка дискусија околу начинот на изведувањето на наставата и школскиот систем во двете земји. Учениците направија обиколка низ целата гимназија и секако беа дел од изложбата поставена во нашето училиште на тема “What the F*ture Wants” поддржана од Goethe Institut во нашата земја, за афирмација на германскиот јазик во наставата.Благодарение на професорите Михаил Наумов и Марија Стојановска, кои безрезервно и посветено работеа во подготовките на целиот настан, како и на директорката на гимназијата Фанија Наумовска, оваа посета ќе ни овозможи продлабочување на нашата соработка, пријателство и остварување на поголеми цели во иднина.

More from ВестиMore posts in Вести »