Press "Enter" to skip to content

Од утрово затворен за сообраќај излезот кон Ресен, кај“Довлеџик“, сообраќајот преку обиколницата

Од утрово во 7 часот и во наредните три денови до понеделник, во целост ќе биде затворен западниот сообраќаен влез во Битола, односно од Ресен и Охрид.

Затворањето на сообраќајот е заради асфалтирање на коловоз на улицата “Довлеџик“ и токму затоа сообраќајот ќе биде пренасочен по обиколницата над градот, односно за доаѓање во Битола ќе се користи северниот влез, од страната на Прилеп.

Според динамиката за реализација на договорот за реконструкција на сообраќајницата, од денеска, 27 мај, потоа на 28 и 29 мај, ќе се врши асфалтирање на улицата „Довлеџик“ до мостот на реката Драгор. Улицата ќе биде целосно затворена за сообраќај од 07.00 часот утрово, се до 08.00 часот во понеделник, 30 мај.

More from ВестиMore posts in Вести »