Press "Enter" to skip to content

“СН Осигурителен брокер“ го проширува тимот во Битола, аплицирај за соработник за реализација на оштетни побарувања

Бидете дел од најбрзорастечкото брокерско друштво во секторот на осигурувањето – “СН Осигурителен брокер“ АД Битола. Ако имате визија и желба да напредувате во кариерата и да работите во тим со успешни професионалци и лидери во својата област, АПЛИЦИРАЈТЕ за:

СТРУЧЕН СОРАБОТНИК ЗА ПРИЈАВА И АСИСТИРАЊЕ ПРИ РЕАЛИЗАЦИЈА НА ОШТЕТНИ ПОБАРУВАЊА Реон: БИТОЛА

-Следење и проучување на законски прописи од областа на осигурувањето,

-прибирање на потребна документација за настаната штета;

-води прецизна евиденција за својата работа, како и уредна документација која лесно може да се пребарува во секое време;

-комуницира со оштетени лица и осигурителните компании во врска со обработка на предмети за надомест на штета;

-изготвува мислења, извештаи и друга документација поврзана со процесот на ликвидација на барања за надомест на штета;

– врши и други сродни работи.

Потребни квалификации:

-Висока стручна подготовка (ВСС) (машински факултет: отсек сообраќај и транспорт ќе се смета за предност)
– Работно искуство во областа на надомест на штети- ќе се смета за предност
– Работно познавање на MS Office пакетот
– Чувство за однос со клиенти
– развиени организациски способности
– возачка дозвола Б категорија
– вештак од областа на машинството- ќе се смета за предност.

Услови и бенефиции:
– Загарантирана бруто-плата
– полно работно време од 40 часа неделно
– договор на определено време од 3 месеци со можност за продолжување на договорот на енопределено време

Вашата професионална биографија (CV) пратете ја на нашата е-маил адреса kariera@snbroker.mk со НАЗНАКА за работна позиција и реон во кој аплицирате.

Напомена: Ќе бидат контактирани само оние кандидати кои ќе бидат избрани во потесен круг.