Press "Enter" to skip to content

42 санкции за прекршоци што ги прават пешаците на територија на СВР Битола 

Денеска (27.05.2022) спроведена е засилена акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците.  Притоа, санкционирани се 42 пешаци од кои, 37 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин… За време на контролата регистрирани се и 21 останати прекршоци.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници.