Со дарување крв од десетици вработени во “СН финансии“, успешно заврши планираната крводарителска акција организирана заедно со вработените во “ЈК травел“, “Голд Фелиција“, “Голд Слот Казино“ и “Евротип“. Со овој хуман гест, кој традиционално го практикуваат голем број вработени во оваа комапнија, тие даваат придонес во спасувањето човечки животи и во промовирање и поттикнување на доброволното дарување крв.Помеѓу вработените има и вистински рекордери, кои многу пати досега имаат дарувано крв, па заслужено имаат добиено и признанија. Како општествено одговорна компанија, “СН финансии“ заедно со Заводот за трансфузиологија им се заблагодари на хуманоста на вработени.
-Веруваме дека и во иднина крводарителските акции ќе ја остварат својата цел и ќе инспирираат и други организации и индивидуалци да се приклучат со дарување крв, стои во нивното соопштение.

Десетици вработени во “СН финансии“, “ЈК травел“, “Голд Фелиција“, “Голд Слот Казино“ и “Евротип“ даруваа крв
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола во мај 2015 година изгуби дбе урбани легенди, Такецо и Сотир Главинче
- СВР Битола: одземено возило “опел корса“ на Булеварот, со “пежо“ излетале од патот поврден сопатник, пронајдена стара граната
- Отворена “Спомен куќата на Гоце Делчев“ во Битола и одбележани 122 години од неговата смрт (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: средношколиците на протестен марш во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)