Со дарување крв од десетици вработени во “СН финансии“, успешно заврши планираната крводарителска акција организирана заедно со вработените во “ЈК травел“, “Голд Фелиција“, “Голд Слот Казино“ и “Евротип“. Со овој хуман гест, кој традиционално го практикуваат голем број вработени во оваа комапнија, тие даваат придонес во спасувањето човечки животи и во промовирање и поттикнување на доброволното дарување крв.Помеѓу вработените има и вистински рекордери, кои многу пати досега имаат дарувано крв, па заслужено имаат добиено и признанија. Како општествено одговорна компанија, “СН финансии“ заедно со Заводот за трансфузиологија им се заблагодари на хуманоста на вработени.
-Веруваме дека и во иднина крводарителските акции ќе ја остварат својата цел и ќе инспирираат и други организации и индивидуалци да се приклучат со дарување крв, стои во нивното соопштение.

Десетици вработени во “СН финансии“, “ЈК травел“, “Голд Фелиција“, “Голд Слот Казино“ и “Евротип“ даруваа крв
More from БитолаMore posts in Битола »
- Од вчерашните настани на “Битфест“: празникот на музиката “Солстиз“ на Битфест (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: во Битола започна да се гради “филмската улица“ на “Магнолија“ (фото)
- Деновиве пред 10 години: и пред 10 години расправии за времените гаражи и дворот позади зградата “ЈАТ“
- На Конвенција на Лајонс членовите во Хрватска, се збратимија Лајонс клубот Битола и клубот од Шибеник (фото)
- Битолчани од изгрејсонце на манастир “Св. Спас“ над Маловиште на 1.950 м.н.в. го празнуваат Спасовден (фотогалерија)