Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер 2 одигра реми во Охрид, со тоа и втората екипа од Битола обезбеди Европа

Охрид – Еурофарм Пелистер 2 23:23 (12:10)

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 од Битола одигра реми во Охрид против истоимената екипа 23:23, и избори излез на европска сцена.  Натпреварот се одигра во рамките на последното коло од плеј-офот, по што екипата од Битола заврши на 4. место, а поради подобриот меѓусебен скор со Тиквеш ќе има настапи и во еврокуповите следната сезона.

Натпреварот започна со подобра игра на Охрид кој  поведе со 3:1, а потоа разликата дојде – -5 за “пелистерци“, 7: 2. На полувреме се отиде со  пристојна негатива за Еурофарм Пелистер 2 од два гола, 12:10.

На стартот на вториот дел со добра игра “пелистерци“ изедначија на 13:13.  Следуваше наизменично водство на двете екипи, а во 50. минута по инцидент и по кошкање син картон заработија Ѓорговски кај Еурофарм Пелистер 2 и Николов кај Охрид, при водство на битолчани 17:18. Со серија од три гола дојде до 20:18. На две минути пред крајот, Еурофарм Пелистер намали на 23:22, а потоа изедначи 23:23, кој беше и конечен резултат.

Најефикасен кај “пелистерци“ Ѓукиќ со 7 гола и Ѓорговски со 4.

More from ВестиMore posts in Вести »