Press "Enter" to skip to content

Промовирана книгата “Легендата на македонското алпско скијање“ од Лилјана Спировска (фотогалерија)

Денес на пладне во хотел “Капри“ во Битола е промовирана книгата “Легендата на македонското алпско скијање“ која се однесува на познатиот скијач од Битола, Љупчо Спировски, а автор на неа е неговата сопруга, Лилјана Спировска.На промоцијата присуствуваа голем број на гости, а меѓу нив беа и клубските другари на Спировски, од времето кога тој се натпреварување во дресот на Пелистер од Битола, новинари, пријатели, клубски другари од вториот спорт на Спировски кугларите на Пелистер, скијачи од други клубови од Македонија.На промоцијата, авторката Лилјана Спировски рече:-Јас и Љупчо Спировски сме заедно скоро половина век, а уште малку скоро 50 години, меѓутоа се познаваме од нашите школски денови затоа што учевме заедно во ист клас во Горната Гимназија. Не ми беше лесно да се зафатам за пишување бидејќи се што има во книгата се материјали кои ги имаме во напиот дом, кој ги собирала уште мајкаму на Љупчо. Сакам да им се заблагодарам на сите новинари кои пишувале за Љупчо, а нивните написи се дел од оваа книга.Спировска на книгата работела, како рече на промоцијата, две години, а првиот примерок му го додели на Љупчо, кој како рече за прв пат ја гледа книгата и за прв пат ја држи во свои раце. -Не секој добил признание еден спортист да го носи знамето на својата држава на Олимписки игри. Јас ќе бидам нескромен и ќе кажам дека тоа што беа знаменосец ми е сосема заслужено, не е со гласање добиено, туку според резултат кои се постигнати. Скијањето е спорт кој е многу тежок, а скијањето го засакав бидејќи бара многу работа, а јас започнав со скијање уште како пионер, кога застанав на првите скии. Дел од нив се тука и ми е многу мило, а дел од нив кои се тука ми беа и ривали на патеката, но сепак остаа мои пријатели. Јас сум можеби еден од ретките спортисти кои се имам натреварувано со спортисти од три генерации, во својот спортски век. Се натпреварував со помлади и постари од мене, а ги има многу, а да се пофалам сите ги победував, бидејќи тешко поднесувам порази.  Јас сите натпревари ги третирав како “грен слемови“, а секако најповеќе се радував на освоените пехари на Пелистерскиот велеслалом, од каде го имам за спомен големиот пехар, кој денес е пред вас, а беа за сите скијачи посебни доживувања. Пелистерски велеслам да потсетам дека имаше и по неколку илјади публика покрај патеката. Како резултат на тоа го носев и олимпискиот факел кој ја помина целата поранешна држава, а и знамето на Олимпијадата во Сараево во 1984 година, а тоа му го посакувам тоа на секој спортист не само од Битола, да ја почуствува таа гордост, да го носи националното знаме. Последниот натпревар Љупчо Спировски го имаше на неговиот Пелистер во 1985 година на Пелистерскиот велеслалом. Инаку, и татко му на Љупчо, Спирко, бил љубител на зимските спортови, а со скијање се занимаваа и беа успешни и неговите ќерки Снежана и Мери, кои имаа значајни успеси во скијањето. 

С. Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »