-Битола од секогаш биле град во кој мото-кросот имал свои привраници, голем број на мотокросисти и на секој натпревар имало и по неколку илјади публика, без разлика дали трките се одржувале на патеката кај Братиндол или пак многи години порано, низ Битола, околу реката Драгор. Па така и пред 10 години во Битола се одржа трка, но на “нова“ локација на патеката која се наоѓа кај месноста Смолево, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското спортско новинарство.-На тркаво кај Смолево во 2012 година победи Христијан Илиевски – Кико со што уште еднаш докажа дека тогаш беше неприкосновен на патеката и победи со голема предност во МХ2, а на повеќе од 3.000 љубители на овој спорт, крај патеката “Смолево, им приреди одлична забава, изведувајќи акробации на скоковите. Во класата МХ3 победи Никола Тодоров од Битола, пред Борче Костов. Во најмладите победи Адријан Ристевски член на Мотостарс од Битола, пред Христијан Станковиќ и Лука Ристевски, се сеќава Миновски и додава:
-Оваа мото-трка од Шампионатот на Македонија ја организираше Мотоциклистичката
федерација на Македонија во соработка со Мотостарс од Битола, а под покровителство на Општина Битола, “Цермат“ и “ЛТД“.

Деновиве пред 10 години: мото-крос “Смолево 2012“, победник Кико (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Од вчерашните настани на “Битфест“: празникот на музиката “Солстиз“ на Битфест (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: во Битола започна да се гради “филмската улица“ на “Магнолија“ (фото)
- Деновиве пред 10 години: и пред 10 години расправии за времените гаражи и дворот позади зградата “ЈАТ“
- На Конвенција на Лајонс членовите во Хрватска, се збратимија Лајонс клубот Битола и клубот од Шибеник (фото)
- Битолчани од изгрејсонце на манастир “Св. Спас“ над Маловиште на 1.950 м.н.в. го празнуваат Спасовден (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Започна 8. издание на “Битола Шекспир фестивал“ со “Магбет“ на полски јазик (фотогалерија)
- “Берза на винили“ во рамките на “Битола отворен град“ (фотогалерија)
- Акцијашите од МРА “Пат на младоста 1982“ денес во Битола се потсетија и ги оживеја спомените стари 50 години (фотогалерија)
- Вечер во Битола стартува 8 издание на “Битола Шекспир фестивал“
- Блаже Докуле со самостојната изложба во Куќата на Робевци во Охрид “50 години творештво- половина век современа карикатура“ (фото)