Еурофарм Пелистер – Бутел 30:22 (12:14)
Ракометарите на Еуеофарм Пелистер во Битола со победија екипата на Бутел и ставија крај на Суперлигата, против Бутек од Скопје победија со 30:22, полувреме 12:14.
Првото полувреме помина во израмнета игра, а екипата на Бутел на одмор замина со два гола плус, 12:14. Пр виот дел од натпреварот поведоа битолчани, а во финишот на првиот дел скопјани направија предност.
Во второто полувреме “пелистерци“ заиграа посигурно и за брзо преминаа во водство, а потоа без поголеми потешкотии водството го задржаа до крајот на натпреварот.
Матео Мараш беше најефикасен со 7 постигнати гола.