Press "Enter" to skip to content

Пелистер утре ќе игра “мајсторка“ во Битола против Еуро Никел за пласман во финале

Еуро Никел – Пелистер 90:89

По одличната игра во Битола, екипата на Пелистер е поразена во вториот натпревар против Еуро Никел е поразена во Кавадарци, а за да стигне во финале утре ќе игра мајсторка во “Боро Чурлевски“ во Битола, 

Екипата на Пелистер е поразена со “пола кош“ 90:89, во натпевар во кој Пелистер не погоди во последните секунди за победа, откако ја намалија двоцифрена предност на домашните.

Потполно изедначено четвртина во кавадаречки „Јасмин“, без некоја поголема разлика, а а крај по 10 минути игра Пелистер имаше поен предност, 23:24. И втората четвтина помина како првата, ја донија кавадарчани со 30:28, а на одмор се отиде со пола кош предност за нив 53:52.

И третата четвртина домаќините ја добија со два поени предност 16:14, а во последната четвртина Еуро Никел влезе со резултат од +3, (69:66).  Кавадарчани во првата половина од последниот период направија 18:9, и поведоа со најубедливи 85:72. Со серија од 2:11 Пелистер се врати, на достижни 83:87, а потоа 89:85. На 42. секунди пред крајот, „пелистерци“ имаа само „половина кош“ помалку, Стојановски не погоди за три поени, а Стајиќ не погоди за финале.

More from ВестиMore posts in Вести »