Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведен осумнаесетгодишник, физички напад, пронајдена стара граната, 34 возачи возеле пребрзо

На 29.05.2022 на ул. “Цар Самуил” во Битола,  полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 18 годишно лице од Битола затоа што кај него била пронајдена жолто–кафеава материја и притоа физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 29.05.2022 во СВР Битола, Ф.М. (30) од Битола  пријавил дека на паркинг просторот пред Клиничка болница во Битола бил физички нападнат од 45 годишно лице од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 29.05.2022 во СВР Битола било пријавено дека при изведување градежни работи на ул. “Широка” во Битола пронајдена е граната. Гранатата била безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување и било констатирано дека се работи за артилериска граната со калибар 155 мм од Првата светска војна.

На 29.05.2022 на територијата на СВР Битола, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, санкционирани биле 34 возачи, од кои 12 санкции се изречени на територија на Битола, 2 санкции во Прилеп и 20 санкции на територијата на Ресен. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

 

More from ВестиMore posts in Вести »