Press "Enter" to skip to content

Филиза Мусовска: прави го она во што веруваш и верувај во она што го правиш

“Прави го она во што веруваш и верувај во она што го правиш. Сè останато е расипување на вербата и губење на времето.”- ни изјави Филиза Мусовска која е дел од проектот БАИР – Здружена акција на Битола за вклучување на Роми, чија цел е да го помогне и промовира социо-економскиот развој како и да ја подобри вклученост на ромската заедница што живее во населбата Баир, општина Битола.

А ако зборуваме за шанси и за осмислување на лична кариера, тогаш Филиза е нашиот светол пример. Таа е една паметна, амбициозна и племенита млада личност. Родена е во Битола. Од мали нозе сонувала да биде докторка. Па со другарките најчесто играла прегледување на кукли со шпатула и пишување на рецепти.

Тој сон и се оствари, медицината е нејзина сфера денес. Завршила средно медицинско училиште, со што со гордост ја носи титулата медицинска сестра, а во моментот е студентка на последна година на Високата медицинска школа.

Филиза неодамна се вработи во Домот за доенчиња и мали деца 7 месеци. Работата си ја сака премногу. Секој нов ден ја прави среќна кога ќе успее да изнуду насмевка на детските лица. Особено на овие деца со посебни потреби кои често со нивните зборови за животот, знаат да ја направат тажна.

Но, не дозволува таа емпатија да надвладее….таа веднаш ги ангажира децата на некоја спортска активност што тие ја сакаат. А Филиза сака спорт, како ученичка била активна во тимските спортови одбојка и кошарка, па ги учи децата на игра. Слободното време го посветува на семејството кое и е значајна поддршка, на дружењето со другарките на неодминливото кафе на Широк Сокак, а секако најдраги и се миговите кои ги минува со нејзиниот дечко, кој со огромна поддршка и љубов се однесува кон сите нејзини амбиции за да успее.

Мусовска е дел од проектот БАИР – Здружена акција на Битола за вклучување на Роми, чија цел е да го помогне и промовира социо-економскиот развој како и да ја подобри вклученост на ромската заедница што живее во населбата Баир, општина Битола. Проектот го доби своето име според населбата Баир, каде што живеат 95 отсто од ромската популација во општината. Проектот е финансиран од Европската Унија преку ИПА 2 програмата и ќе се спроведува до крајот на 2023 година. Проектот е развиен од COSV италијанска хуманитарна невладина организација во партнерство со ПРЕДА Плус фондација и Општина Битола, во соработка со  Јавното претпријатие за урбанистичко планирање, проектирање и инженерство.“Прави го она во што веруваш и верувај во она што го правиш. Сè останато е расипување на вербата и губење на времето.”- е нејзината порака за кампањата ДАЈ МИ ШАНСА која ја објавуваме во продолженија на нашиот портал Битола Њус.

“Некои луѓе не можат да веруваат во себе, додека некој друг не почне да верува во нив” се неговите мотивирачки зборови во кампањата ДАЈ МИ ШАНСА која ја објавуваме во продолженија на нашиот портал Битола Њус.

More from КомерцијаMore posts in Комерција »