Press "Enter" to skip to content

Во Битола 7 нови позитивни на ковид-19, оздравени 9, активни 50 случаи

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа, направени се 1.334 тестови, а регистрирани се 85 нови случаи на КОВИД-19, од Битола се 7.

Регистрирани сe 48 оздравени пациенти од Битола се 9.

До сега во Битола има 15.654 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 50 случаи.

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. 

Направени се во Битола 44 тестови преку ЦЈЗ Битола 32 и преку “Плодност“ 12.

Досега во земјата се направени вкупно 2.054.677 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 311.936, бројот на оздравени пациенти е 302.061, на починати е 9.303, а бројот на активни случаи изнесува 572.