Голманот на Еурофарм Пелистер од Битола, Благојче Трајкоски се “сели“ од Битола и во идната сезона ќе биде ан голот на новиот суперлигаш Алкалоид.
Трајковски беше во Битола четири години, три години беше на голот на Еурофарм Пелистер, а последната сезона беше на голот на Еурофарм Пелистер 2. Трајкоски беше дел од националниот тим на СП 2017 година, а доби повик за настап од Лазаров на ЕП 2022 во Унгарија и Словачка.
Трајкоски потекнува од Прилеп, ги бранеше боите на МРК Вардар, Куманово, Радовиш, МАКС Струмица и Охрид, пред да се пресели во Битола, каде настапуваше од 2018 година.