Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: 18 санкции за прекршоци што ги прават пешаците

Денеска (31.05.2022) во периодот од 07.00 до 11.00 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. При контролата санкционирани се 18 пешаци.За време на контролата регистрирани се и шест останати прекршоци.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници.

More from ВестиMore posts in Вести »