Ракометниот клуб Еурофарм Пелостер од Битола со ручек кој го организираше клупската управа за ракоетерите од двете суперлигашки екипи и академијата на клубот ја заврши натпреварувачката сезона 2021/22.На присутните им се обрати претседателот Зоран Стерјев и челниците на двата клуба.
Ракометарите кои го напуштаат семејството Еурофарм Пелистер добија пригодни подароци – уметнички дела со мотиви од градот Битола (дела од ликовната колонија “Мал битолски Монмартр“).
Клубот истовремено на сите ракометари им посака добро здравје и многу успеси следната сезона.
Од следната сезона дресот на Еурофарм Пелистер нема да го носат Мартон Секељи, Рениер Табоада, Немања Обрадовиќ, Стипе Мандалиниќ, Јосип Периќ, Матео Мараш, Јосип Божиќ Павлетиќ, Елмир Граџан и Никола Маркоски.
Покрај деветте ракометари, Еурофарм Пелистер во новата сезона ќе има и нов тренер затоа што дојде до разделба и со тренерот Жељко Бабиќ.
Од таборот на Еурофарм Пелистер 2 си заминува голманот Благојче Трајковски кој потпиша со РК Алкалоид и Милан Ѓукиќ кој е слободен ракoметар по четири сезони во Битола.

Со слики со мотиви од Битола, Еурофарм ги испрати играчите и тренерот Бабиќ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Акцијашите од МРА “Пат на младоста 1982“ денес во Битола се потсетија и ги оживеја спомените стари 50 години (фотогалерија)
- Вечер во Битола стартува 8 издание на “Битола Шекспир фестивал“
- Блаже Докуле со самостојната изложба во Куќата на Робевци во Охрид “50 години творештво- половина век современа карикатура“ (фото)
- Одлични пласмани и лични рекорди на младинците од Олимп на националното младинско првенство
- Кампања во Битола за зголемување на бројот на згрижувачки семејства (фотогалерија)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Одлични пласмани и лични рекорди на младинците од Олимп на националното младинско првенство
- Саша Грбиќ и Владимир Ѓоргиевски најдобро пласирани битолчани на 104 и 47 километри на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ (фото)
- Данецот Ларс Валтер нов тренер на Еурофарм Пелистер
- На традиционалната забава ФК Јени Маале ги додели признанијата и благодарниците (фотогалерија)
- Христо Василевски од Битола победник на турнирот во билјард во дисциплина “9-ка“ во Струмица