Press "Enter" to skip to content

Фото вест: Гуроски е “чкембар“ најголем, најголем….

По победата над Еуро Никел во Битола и пласманот во првото финале за Пелистер и за Битола, во борба за титула огромна беше радоста кај кошаркарите, тренерот Илиевски и неговиот тим на паркетот, а и навивачите се радуваа на финалето, кои ги бодреа кошаркарите и може слободно да се каже дека во одлучувачките моменти кога се “кршеше“ резултатот му помогнаа на своите миленици.

По натпреварот кошаркарот Стојан Ѓуроски се качи на трибината и заедно со водачите на “Чкемабрите“ навиваше, а тоа беше одлично прифатено од нив, по што следуваше познатото скандирање: Гуровски е “чкембар“ најголем, најголем….

More from ВестиMore posts in Вести »