Press "Enter" to skip to content

Проф. д-р Игор Неделковски, нов ректор на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ во Битола

Професорот д-р Игор Неделковски, актуелен проректор е нов ректор на Универзитетот “Св. Климент Охтридски“ во Битола, по денешните избори кои се одржаа на сите високобразовни установи на УКЛО, а освои 157 гласа, а според начинот на кој се гласа Неделковски освои 11,046 проценти поени.

Ова се првични неофицијални резултати од Универзитетската изборна комисија со која раководеше проф. д-р Љупчо Ќеверески. Неофицијалните податоци ќе бидат конечни откако ќе помине рокот за жалби, предвиден со изборниот модел. 

Проф. д-р Игор Неделковски е актуелен проректор на УКЛО, претходно бил декан на Факултетот на информатички технолигии во Битола, редовен професор на Техничкиот факултет во Битола, основач на “ГАУС Институтот“, претседател на Ротари клубот Битола, заменик градоначалник на Битола, претседател на МНД Битола…

Своето право на глас го искористија 270 од вкупно 280 членови на наставно – научните, наставничкиот и научниот совет на единиците на УКЛО во кои има 21 претставник од студентите.

Во согласност со усвоената процедура на гласање и сумирањето на освоените гласови, Универзитетската изборна комисија прелиминарно констатира дека избраниот кандидат за ректор, проф. д-р Игор Неделковски освои 157 гласови, односно 11,046 поени, наспроти неговите противкандидати: проф. д-р Верица Данчевска со 21 глас или 1,233 поени,  проф. д-р Злате Димовски  со 26 гласови или 1,912 поени, проф. д-р Јове Кекеновски со 32 гласа или 2,316 поени и проф. д-р Љупче Кочоски кој освои 21 глас или 1,493 поени.

Доколку во предвидениот рок од три дена не бидат поднесени приговори од другите кандидати, конечните резултати УИК ќе ги објави на 7 јуни 2022 година.

More from ВестиMore posts in Вести »