Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: в недела “Вело трка“ низ улиците во Битола, ќе има затворени улици и пренасочување на сообраќајот

СВР Битола Ве информира дека на 05.06.2022 (недела) во периодот од 07,00 до 13,00 часот во Битола ќе се одржи велосипедската „Вело трка“, во која учествуваат професионалци и велосипедисти кои рекреативно возат, низ градските улици во Битола. Притоа, за сообраќај целосно ќе бидат затворени подолу наведените улици, а сообраќајот ќе биде пренасочен по околните улици, додека старт и цел на трката е Плоштадот „Магнолија“. 

-Старт на трката: плоштад „Магнолија“ во 09,00 часот за професионалните велосипедисти и во 09,30 часот за рекреативно возење на велосипед, па продолжува по улица „Широк Сокак“ во правец кон Безистен, се врти лево по бул.„1-ви Мај“ и Музичкото училиште, потоа на кружен тек „Црн мост“ се продолжува право кон кружен тек „Педагошка“, па се врти лево по улица “Васко Карангелевски“ се до кружен тек „Веро“, па на кружен тек „Веро“ се врти лево полукружно и се враќа назад по улица „Васко Карангелевски“. Потоа, се продолжува до кружен тек „Педагошка“, на кружен тек „Педагошка“ се врти во лево по улица „11-та Македонска Дивизија“, па се продолжува по улица „11-та Македонска Дивизија“ се до крстосницата со улица „Довлеџик“ каде се врти во полукружно и се продолжува по улица „11-та Македонска Дивизија“ се до кружен тек „Педагошка“, потоа се продолжува право по бул.„1-ви Мај“, се до кружен тек „Црн Мост“, на кој се врти лево и се продолжува по бул.„1-ви Мај“ од страна на Гимназијата и Општината, се до спојот со ул. „Филип II  Македонски“. Потоа, се продолжува по ул. „Филип II  Македонски“ се до кружен тек „Дулие“, па се врти десно и се продолжува по ул.„Прилепска“ се до спојот со ул. „4-ти Ноември“, па се продолжува се до крстосницата со ул. „Солунска“, каде се врти десно, па се продолжува по ул.„Солунска“ се до крстосницата со ул.„Широк Сокак“ (мв Камен мост) каде се врти десно и се продолжува по ул.„Широк Сокак“ се до плоштадот „Магнолија“, каде е целта на трката околу 11,00 часот.       

More from ВестиMore posts in Вести »