Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведување за поседување на прашкаста материја, три пријави за семејно насилство

На 31.05.2022 на ул. „Филип Втори Македонски” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 39 годишник од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 01.06.2022 во СВР Битола, 22-годишна жена пријавила  дека во семејниот дом во битолско село била физички нападната од нејзиниот сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 31.05.2022 во СВР Битола, 50-годишна жена од Битола  пријавила дека во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 31.05.2022 во Полициското одделение Новаци, 42- годишен маж од село во општина Новаци пријавил дека во семејниот дом неговиот татко на возраст од 67 години физички ги нападнал членовите на семејството. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

More from ВестиMore posts in Вести »