Press "Enter" to skip to content

ФК Јени Маале задоволни како ја завршија сезоната во Општинската “А“ лига, идејата со која е формиран клубот продолжува да живее

Со одигрувањето на последното 18 коло од општинската “А“ лига на Битола, ФК Јени Маале, градски фудбалски клуб од Битола, стави крај на натпреварувачката сезона 2021/2022 година. За тоа како во клубот ги оценуваат резултатите оваа сезона, Благој Делев претседател на клубот вели:

-Ако севкупно се анализира сезоната, тогаш мораме да излезиме со став и мислење дека истата ги задоволи очекувањата на раководството, но и на фудбалерите на овај градски клуб. Имено, на 18 одиграни натпревари екипата забележа 11 победи, 6 натпревари завршија нерешено и само 1 натпревар беше загубен. Ваквиот биланс ни дава за право да бидиме задоволни како клуб, но од друга страна и не обврзува наредната сезона да бидеме т.е. да се обидеме да бидиме подобри во секој аспект, а за тоа како тој го коментира “играњето“ надвор од теренот додава:

-Идејата на клубот е јасна и таа не се менува изминативе скоро 14 години. Другарството, живеењето за клубот, сериозниот пристап кон натпреварите, почитт кон противникот, но и развивање на високо чувство на самодоверба ќе бидат карактеристики кои и во иднина ќе го пратат нашиот клуб и со тоа ќе ја прават разликата во однос на сите други.  Никогаш не сме “трчале“ само и единствено кон резултатски успех. Напротив, сакаме да постигнеме синергија, сакаме да ги мобилизираме сите генимаалци да бидат дел од клубот, посредно или неспосредно, сакаме клубот да биде уште еден во низата препознатливи белези на нашата населба.

Иако е, како скромно велат од клубот, само еден маалки клуб сепак потребни се средсвта, а за тоа Делев вели:

-Во оваа прилика сакам од името на клубот и од мое лично име да им се заблагодарам на сите помагатели на клубот, на сите спонзори кои на различен начин го помагаат и го овозможуваат опастанувањето на истиот на фудбалската сцена. Во прв ред тука мислам на Митко Стојковски, Горан Лукач, Николче Јошка Симоновски, Гоце Реприм, Менде Фидановски, Саше Bitolanews, Бале Вила Виста, Форматика и уште многу други, нека ми простат што во оваа прилика не можам сите да ги набројам. Се надевам и сум сигурен дека во иднина соработката ќе продолжи и ќе се надгради.

Јени Маале оваа година донесе одлука да се пријави на КУП натпреварувањето. Тоа беше идеја на еден наш играч Александар Митревски и истата беше прифатена. На ждребката се одлучи да играме со екипата на Победа од село Ивањевци. Натпреварот ќе се одигра денес на стадионот во Горно Оризари. 

-Посебна благодарност упатувам до капитенот Николче Пискачев без кого се ова погоре што кажав и набројав немаше да биде реализирано. Неговата посветеност треба да биде пример за помладите играчи, реле Благој Делев, кој воедно ја најави и традиционалната забава која ќе се одржи на 18 јуни во ресторанот “Вила Виста“ со која и свечено ќе ја заокружат оваа натпреварувачка сезона.

More from ВестиMore posts in Вести »