Press "Enter" to skip to content

Хуманитарниот караван на “Comfy Angel” продолжува, в петок хуманитарна распродажба на “Магнолија“ во Битола

“Comfy Angel” в петок, 3 јуни 2022 година, со почеток од 9 часот на плоштадот „Магнолија“, организира голема хуманитарна распродажба на своите производи.

И оваа година, распродажбата ќе биде од хуманитарен карактер, а дел од средствата кои ќе се соберат ќе бидат наменети за поддршка на сојузот за спорт и рекреација на инвалиди – Битола.