Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа, направени се 1.384 тестови, а регистрирани се 87 нови случаи на КОВИД-19, од Битола се 8.
Регистриран e 141 оздравен пациент од Битола се 10.
До сега во Битола има 15.662 лица кои биле или се позитивни на ковид-19, а активни се 48 случаи.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица.
Направени се во Битола 49 тестови преку ЦЈЗ Битола 38 и “Плодност“ 11.
Досега во земјата се направени вкупно 2.056.061 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.022, бројот на оздравени пациенти е 302.202, на починати е 9.306, а бројот на активни случаи изнесува 514.