Верници од Битола, заедно со жителите од село Маловишта, кое е единствената населба која е опфатена во составот на Националниот парк “Пелистер“ се искачуваат кај малата манастирска црква “Св. Спас“ каде го празнуваат празникот на Христовото вознесение – Спасовден кој спаѓа во големите христијански празници, се празнува 40 дена по Велигден и секогаш е во четврток. Видикот и погледот од горе, од просторот крај малата камена црква посветена на “Свети Спас“ – Вознесението Христово, изградена на гранитно возвишение над селото Маловиште, се вистинското нешто на овој величествен природен простор. Од таму, горе, видикот овозможува да се види и она што ретко кој може да го замисли. Битола со Пелагонија, потоа, следат Пелистерските врвови кои како да ни се на дофат, прекрасната Преспа со двете езера, Мало и Големо Преспанско Езеро, со островите “Свети Ахил“, каде се верува дека е гробницата на Цар Самуил, Мал и Голем Град, потоа Галичица, Петринска Планина, Ресен и цела котлина со обработените овошни јаболкови насади, и уште околу, кон Бигла и Илинска Планина, цел простор на Демир Хисар, Крушевско и повторно Пелагонија со Битола.
Денес битолчани кои се искачија горе “Свети Спас“ кој секоја година се слави на 40-тиот ден по најголемиот христијански празник – Воскресението Христово-Велигден, можар да си доволат ваков поглед, а Димитар Триста од Битола, кој заедно со другите се искачи утрово, од таму ни рече:
-Ова за мене како верник, да сум тука на овој ден, кога се празнува Христовото вознесение – Спасовден, е чувство кое тешко се опишува со зборови. Да се дојде тука не е лесно, но кога ќе се дојде тука, ќе се погледне камбаната заедно се карактеристичната црква “Св. Спас“ е нешто кое на секој кој може да се искачи без некои здравтсвени проблеми, да го направи. Потоа, секако, откако запаливме свеќи и се помоливме за здравја на сите, следуваше и искачувањето на Вртешка, а погледот од таму е единствен.
Инаку, скромната камена градба на манастирот „Свети Спас“ на надморска височина од 1.950 метри е надополнета со мал планински заклон, кој претставува своевиден конак. Конакот, за намерниците и планинарите се наоѓа во секое време од годината, па така, и при сончев ден и при силна зимска вејавица тој може да заштити и конечно да биде заклон за преживување. Тој планински заклон-конак го одржуваат планинари ентузијасти од ПСК “7-ми Мај“ кои, заедно со вработените во Националниот парк “Пелистер“ се најзаслужни за неговата изградба и за тековното одржување на објектот.

Битолчани од изгрејсонце на манастир “Св. Спас“ над Маловиште на 1.950 м.н.в. го празнуваат Спасовден (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: трикотажа “Пелистер“ прослави 90 години постоење (фото)
- Денес по петти пат “Зелен Баир“ пошумување кај Кркардаш, “БВ бизнис груп“ обезбеди 500 зимзелени садници (фото)
- Деновиве пред 10 години: на “Денот на дрвото“ засадени двеста илјади садници (фото)
- Општина Битола: зимската приказна и новогодишниот блесок ќе започнат од Старата чаршија
- Некогаш и денес, три генерации семејство Трајковски придонес за развој на графичката индустрија во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Деновиве пред 10 години: трикотажа “Пелистер“ прослави 90 години постоење (фото)
- Нова очекувана победа на Пелистер Волеј за стабилизирање на првото место
- Мозаици на академик Газанфер Бајрам изложени во Офицерски дом во Битола
- Денес по петти пат “Зелен Баир“ пошумување кај Кркардаш, “БВ бизнис груп“ обезбеди 500 зимзелени садници (фото)
- Интервју: Мими Марковски, музичар, водител, новинар од Битола: “југото“ медуим со урбани ликови е во прв план (фотогалерија)